Украинка за секој кинески ерген

"Економијата им е ужасна, ама не можеш да кренеш глава од убави жени," ја доловува ситуацијата во Украина Пекинг њуз, државен сајт, според кој Украинките се решение за кинескиот дефицит на жени.

Недостатокот на жени во Кина се должи на правилото за едно дете, заради што добар дел од семејствата решаваат да ги абортираат женските фетуси, за да можат да одат на машко.

Во веста на Пекинг њуз се објаснува дека причина за дефицитот е и тоа што кинеските невести се барана роба во Јапонија, Јужна Кореја и посебно САД, тренд кој дополнително ја има исцрпено резервата на девојки.

Освен Украинките, како опција за решавање на проблемот се и девојките од Јужна Кореја за кои тие пресметале дека имаат највисока веројатност да се омажат за странец. Во 2012-та, 26% од Корејските невести земале странец за маж.

Глобалниот просек е 105 машки на 100 девојчиња, во Кина е 115 машки новороденчиња на 100 девојчиња. Може вака не изгледа многу, ама ланското пребројување покажа дека на терен разликата е минус од 34 милиони жени (Кина има вкупно 701 милион мажи и 667 милиони жени). Едно претходно истражување покажа дека минусот во жени е направен кај тие родени од 1985-та (кога во Кина стигнува технологијата за проверка на пол) до денес.

30 јануари 2015 - 16:13