Неколку ирачки медиуми тврдат дека нивните извори им ја потврдуваат веста дека кралот Абдула лично ќе учествува во нападите. Она што не е јасно од нивната изјава е дали Абдула лично ќе лета со авион, или пак само ќе командува.
Извештајот на Ирачаните е: "Јорданскиот крал Абдула Втори во четврток ќе учествува во воздушни напади на засолништата на терористичката организација ИСИС во одмазда на егзекуцијата на јорданскиот пилот од страна на ИСИС."
Јорданскиот дописник Валид Абу Нада (има работено за БиБиСи, Дејли Меил, Гардијан) во средата на Твитер напиша: "Локалните извештаи тука во Јордан велат дека Кралот Абдула лично ќе лета и ќе ги предводи воздушните напади против ИСИС."
Сличен твит има и известувачот од Средниот Исток Јосеф Брауд, кој пишува за "извештаи дека јорданскиот Крал Абудла, и самиот пилот, ќе лета во нападите на метите на ИСИС."
Пред да стане крал, Абдула Втори беше Генерал Мајор на јорданските специјални сили, исто така е сертификуван пилот на воените хеликоптери Кобра, а во 80-те се приклучува на британската Кралска воена академија во Сандхурст и има чин потполковник во Британската армија.