Башар пред се верува во политичко а не воено решавање на судирот, и по него војната не е решение, туку инструмент на политиката.
На прашањето како планира да ги спои и да ги стави под една власт трите мини-држави кои функционираат во судирот (под власт на Асад, ИСИС и опозиција / Курди), Асад објаснува дека тоа е сосема погрешна претстава и дека "сирискиот народ се уште ја поддржува единственоста на Сирија, и се уште ја поддржуваат владата, а фракциите што ги споменуваш контролираат само некои делови, ама не се стабилни."
Откако речиси цела година Западот е се потивок околу барањата Асад да си поднесе оставка, па да почне да се разговара за помирување на страните, сега Асад е стигнат до ниво дека менување на власта може да има само ако народот реши така, и тоа на референдум.
Неговата позиција е дека е во ред да се оди на преговори, ама не му јасно со кого би преговарал, "ние имаме влада, имаме институции, имаме армија, имаме влијание, позитивно или негативно, во секој правец во секое време. А луѓето со кои треба да преговараме, кого тие го претставуваат? Тоа е прашањето. Кога зборуваш за опозиција, тоа мора да има значење. Опозицијата по правило треба да има претставници во локалната власт, парламентот, институциите." Сепак што се однесува до преговорите во Москва тој нив не ги смета за решение туку подготовки за конференција.
Низ интервјуто тој неколку пати повторува дека им понудил и дека би им понудил амнестија на сите борци во досегашните судири. Меѓутоа не знае како на сите ним би им гарантирал безбедност во цивилниот живот.
И покрај тоа што признава дека имаат направено грешки од почетокот на судирот, неговото алиби е дека сето ова го прави за да ја заштити сопствената земја од тероризмот.
Што се однесува до Кобани, ИСИС и Турција, Асад смета дека штом ИСИС три месеци издржуваат воздушни напади од САД, тогаш тие сигурно се поддржани од Турција. Според Асад, токму надворешната помош е причината зошто тие се уште ги немаат поразено бунтовниците - логистика од Турција, финансирање од Саудиска Арабија и Катар, ама преку Турција.