Европа или смрт

Од 2000-та над 27.000 мигранти и бегалци умреа обедувајќи се да стигнат (и влезат) во Европа. Од тогаш до сега Европа троши стотици милиони евра за поуспешно да ги барикадира своите граници.

Шпанија е најдиректно изложена на проблемите, заради двете свои енклави што ги има во Мароко - Сеута и Мелила. Двете места се оградени со високи железни огради кои секоја вечер се мета на јуриши од мигрантите. Мелила има 3 огради, една по друга, кои чинеа околу 30-на милиони евра.

Обично јуришите ги прават групи од по 1.000 мигранти, од кои едвај неколкумина успеваат да ја прекачат оградата.

Според законите на ЕУ имигрантите што ќе стапнат на европско тло, не смеат да бидат вратени назад.

 

26 јануари 2015 - 13:09