Свет

Каде во светот завршуваат 35 милијарди долари американска помош

Една третина од американската јавност смета дека помошта за странство се движи меѓу 30 и 50 проценти од американскиот буџет. Точната бројка е 1% од буџетот, факт што според тамошни анкети го знае секој 20-ти испитаник.

Најскапата "бензинска" станица на светот

Американците во својот поход за освојување на "срцата и умовите" на Авганистанците, одлучуваат да изградат "бензинска" станица во Северен Авганистан. Комплетирањето на овој потфат проектирано е да чини меѓу 200 и 500 илјади долари. 3 години подоцна, проектот е готов, цената е 43 милиони долари.

Мигрантската криза ќе трае цела една генерација

Се лажат сите оние кои веруваат во брзо решавање на кризата со мигрантите од Сирија и други места. Тоа е проблем кој ќе мора да се носи цела  генерација, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони.

Дрога, порно, моторна пила и О.Н.

Симнување и споделување детска порнографија, транспорт на околу 170 килa марихуана во службено возило, и повеќекратно заканување со убиство, се дел од прекршоците од извештајот на Обединетите нации за вработените на Обединетите нации. Бонус: сето ова стигнале да го направат во рок од една година.

По Ајлан умреле уште 70 бебиња

Откако телото на 4 годишниот Ајлан Курди минатиот месец беше откриено на турското крајбрежје, слична судбина ги има снајдено уште најмалку 70 бебиња, и ова според бројки на УНХЦР.

Што значи американски специјалци во Сирија?

Како надополнување на досегашните воздушни напади, администрацијата на Обама се подготвува да испрати мал број специјалци на сириско тло. Под "мал број" подразбираат 20 до 30 специјалци.

Дали Кина откри подобар систем од демократијата?

Општоприфатената логика во политичката наука (посебно по падот на СССР) е дека за диктатурата е неизбежно или да се демократизира или да стагнира. Ова во теорија важи и за Кина. Тоа што е општоприфатена, не значи и дека е точна.

Дали е подобро откако го нема Садам?

Во интервју за СиЕнЕн, Тони Блер признава дека чувствува одговорност за состојбата во Ирак во 2015-та, и за појавата на ИСИС. Одговорност со амандман дека не е само тој виновен за тоа, дека работите секако оделе во тој правец, ем ИСИС се појавил во Сирија а на е во Ирак.

Зошто Трамп би можел да стане претседател

Кога ја започна кандидатурата на партиските избори за претседателски кандидат, на Трамп во најдобар случај гледаа како на маскота. Повеќе митинзи и неколку дебати подоцна, Трамп последниве три месеци на анкетите постојано е на прво место меѓу републиканците. Сега најмногу што му даваат е партиска номинација.

Бандити во лов на бандити

Четворица Кинези трошат речиси 30 илјади евра на уредување и создавање на лажен таен центар за испрашување, кој наместо редовните дисиденти и тибетски монаси, планираат да го полнат со корумпирани кинески функционери, не за добро на народот, туку за добро на себе.

Аџилакот во Мека стигна до 2.177 жртви

Саудијците и понатаму остануваат на бројката од 769 жртви и 934 повредени, проблемот со нивната математика е што сега поединечните држави почнуваат да пресметуваат колку нивни граѓани аџии им се пријавени за исчезнати. Новата бројка од 2.177 жртви е збирот што го има добиено Асошиејтед прес.

Рускиот полигон Сирија

Две недели како што Русија воено се вклучи во нередот во Сирија, кај западните разузнавачи и воени функционери почна да се враќа изгубената страхопочит кон руската војска и кон трансформациите што таму се имаат случено за време на владеењето на Путин. А на Русите, Сирија одлично им дојде за контролирана демонстрација.

Зошто Кина е смирена околу економските проблеми на Кина

Летово беше веројатно најужасниот период во историјата на кинеската берза, вредноста на акциите беше во слободен пад, секој ден се губат милијарди долари, а кинеското раководство и не се претегна обидувајќи се да ја спаси берзата. Ова претежно беше протолкувано како знак за неспособност на Кси Џинпинг, освен од оние кои сметаат дека сето ова е дел од неговиот план.

Транс-Пацифичкото партнерство, страшно како што мислевме

Викиликс пред неколку дена објави она што треба да е конечната верзија на поглавјето околу интелектуалната сопственост од Транс-Пацифичкото партнерство. Коментарот на ЕФФ (Electronic Frontier Foundation) на ова е: ова ги потврдува нашите најголеми стравови.

Во болницата во Кундуз

Кундуз траума центар е болницата во Северен Авганистан под управа на Доктори без граници. На 3-ти октомври таа по грешка беше погодена од американската авијација повикана да помогне во борбите со Талибанците во Кундуз. Меѓу убиените има 12 доктори и 3 деца. Ова е првата репортажа од болницата.

Како се распаѓаше американската тренинг програма во Сирија

Планот кој звучеше како да е составен на семинар по "дај да направиме нешто за да изгледа дека работиме," предвидуваше САД и неколку сојузници, да ја обучуваат и опремат "умерената опозиција" во Сирија, за таа понатаму на свој грб да ја преземе целата борба против сите останати страни во војната (Асад и ИСИС). Вчера ја укинаа програмата.

Како стравот ја затвори Америка за Сиријците

САД годишно прифаќаат поголем број на бегалци од која било друга држава, и покрај тоа во оваа бројка речиси да нема ниту еден од милионите бегалци од Сирија. Официјалното објаснување е - заради безбедност, аргумент што претставниците на повеќе владини агенции не можат да го поткрепат со факти, податоци или проценки.

Парите се за да се вртат

Обама реши да ја искешира својата стратегија за поддржување на сиријската опозиција па од воениот буџет на САД ќе одвои 500 милиони за нивен тренинг и обука. Владимир Путин има свое објаснување каде ќе завршат тие пари. 

Молдавија, веројатно најстрашната држава на светот

Во средата Асошијтед прес објави извештај за криминална мрежа која се обидувала да продаде "радиоактивен материјал на средноисточни терористи." АП пишува за 4 вакви случаи во последните 5 години, и сите се случуваат во - Молдавија.

Штетата од избегнување војна во Сирија

Додека Американците ги делеа регионите по боја, Русите извршија инвазија, му ја објаснил еден турски функционер ситуацијата во Сирија на новинарот од Вол Стрит Журнал.

И ќорав Трамп убоде анализа

По принципот дека дури и расипан часовник два пати дневно покажува точно време, Доналд Трамп изненади многумина на тема за која до пред некое време не знаеше ама баш ништо. Како што велеше тогаш, ќе научам кога ќе треба.

Гледајте го Путин што прави, а не што зборува

Ништо од тоа што Путин го кажа на говорницата на ОН не наговестуваше дека тој ќе почне со бомбардирање во Сирија, ниту пак дека ќе се повлече од фронтовите во Украина. И баш тоа го направи. Два дена подоцна. Во ист ден.

Партнерството што ќе го контролира Пацификот

40% од светската економија од вчера се контролира со Транс-Пацифичкото партнерство, најголемиот регионален трговски договор во историјата кој по 5 години преговарање го потпишаа САД, Јапонија, Канада, Австралија и уште осум држави што излегуваат на Пацификот. Од овој куп, намерно е исклучена Кина.