Најскапата "бензинска" станица на светот

Американците во својот поход за освојување на "срцата и умовите" на Авганистанците, одлучуваат да изградат "бензинска" станица во Северен Авганистан. Комплетирањето на овој потфат проектирано е да чини меѓу 200 и 500 илјади долари. 3 години подоцна, проектот е готов, цената е 43 милиони долари.

За овие пари, станицата има 2 пумпи, со вкупно четири црева, една точка за полнење приколки, административна зграда и опрема за компресија и преработка на гас.

Новата цена е за 10.750 проценти поголема од проектираната, а околу 70% од сите пари околу проектот се дадени на трошоци кои не се директно поврзани со негово градење.

Бројките се од извештајот на Специјалниот главен инспектор на реконструкцијата на Авганистан, и нивниот заклучок е дека одговорните "ниту ја процениле изводливоста на станицата, ниту потенцијално сериозните пречки во успехот на проектот, пред почетокот на изградбата."

Освен парите што се потрошени, тие сега заклучуваат дека станицата нема некоја светла иднина, бидејќи областа воопшто ја нема потребната инфраструктура за пренос и дистрибуција на природен гас. За дополнување на впечатокот, тие сега објаснуваат и дека локалците нема да видат некоја голема корист од проектот, бидејќи речиси и да не им се исплати возењето на природен гас.

3 ноември 2015 - 11:29