Според бројките на HowMuch.net, владата на САД за фискална 2014-та обезбедила 35 милијарди долари економска и воена помош за странство. Најмногу во пари, и неспоредливо многу по основа пари/број на жители добива Израел - 3,1 милијарда долари.
Сумата за Израел е спектакуларно голема и ако се има предвид дека нивниот БДП по глава на жител е над 30.000 долари. Речиси и да нема друга земја на списокот која е во иста група со Израел по висина на БДП-то.
На второ место по добиена помош е Египет со 1,5 милијарди долари, по нив е Авганистан со 1,1 милијарда, Јордан 1 милијарда и на петто место е Пакистан со 933 милиони долари (Индија на пример добива 99 милиони).
Од регионов, лани во Албанија стигнале 16 милиони долари американска помош, во Македонија 12, Романија 9,7 милиони долари, Бугарија 9,3, Турција 4,1, а Грција 0,1 милион.
Мапа на темава: