Не дека американскиот амбасадор во Македонија нема причини да плаче по парите фрлени во квалитетот на нашиот судски систем (55 милиони долари, обучени 600 судии и 300 обвинители). За малку да ја ублажиме таа тага, одиме до Авганистан.
Една третина од американската јавност смета дека помошта за странство се движи меѓу 30 и 50 проценти од американскиот буџет. Точната бројка е 1% од буџетот, факт што според тамошни анкети го знае секој 20-ти испитаник.