Бандити во лов на бандити

Четворица Кинези трошат речиси 30 илјади евра на уредување и создавање на лажен таен центар за испрашување, кој наместо редовните дисиденти и тибетски монаси, планираат да го полнат со корумпирани кинески функционери, не за добро на народот, туку за добро на себе.

Планот бил, во лажниот центар да се носат и испрашуваат локални функционери за кои се знае дека добиваат мито, и потоа истите да се уценуваат за пари. Изработката на центарот трае околу 3 месеци, и изгледа сосема автентично на она што може да се очекува во владините згради.

За несреќа на четворицата измамници целата шема им пропаѓа уште при првиот обид да го имплементираат планот и да приведат некој од функционерите, што целиот подвиг не го прави ништо помалку импресивен.

Групата се надевала дека ќе се шлепа на владината кампања за апсење на "тигри и муви" низ цела Кина, чија најзабележлива нуспојава е сериозен пад во продажбата на луксузна стока.

21 октомври 2015 - 11:02