Нивната мисија се сведува на "советување и помош," што значи дека се ограничува на заднинска работа со американските партнери во борбата против ИСИС (Курди плус Сириските демократски сили), а не и излегување на фронт или каков било директен судир со ИСИС. ЕнБиСи цитира висок американски функционер, според кој ова распоредување значи "помрднување" ама не и "промена" во однос на американската политика кон Сирија.
Што значи и што не значи распоредувањето специјалци:
- Испраќањето на неколку дузини специјалци не значи дека САД во Сирија се подготвува за интервенција налик Ирак. И не е толку радикална промена, затоа што американските специјалци и пред ова имаа една акција во Сирија во која директно се судрија со ИСИС.
- Групата ќе советува во близина на Рака, главниот град на "калифатот" на ИСИС. Во вторникот, секретарот за одбрана на САД го наведе освојувањето на Рака како една од трите главни точки во американската стратегија против ИСИС. Ова има и логика, посебно ако се има предвид дека ИСИС моментално е во дефанзива во близина на Рака.
- Една од главните задачи на надворешните олеснувачи е Курдите да се натераат да се заинтересираат за офанзива на Рака, што за сега сериозен проблем бидејќи тие немаат намера да се вмешаат во битки кои се вон курдската територија.