Зошто Кина е смирена околу економските проблеми на Кина

Летово беше веројатно најужасниот период во историјата на кинеската берза, вредноста на акциите беше во слободен пад, секој ден се губат милијарди долари, а кинеското раководство и не се претегна обидувајќи се да ја спаси берзата. Ова претежно беше протолкувано како знак за неспособност на Кси Џинпинг, освен од оние кои сметаат дека сето ова е дел од неговиот план.

Еван Фигенбаум и Дамиен Ма, во текстот за Форин Аферс, објаснуваат дека превирањето во економската политика на Кина е намерен нуспроизвод на тоа што "кинеското раководство се фокусира на политика и градење на партијата."

"Обидите на раководството да ја средат партијата доаѓаат на сметка на долгорочниот и исклучив фокус на нивните претходници на краткорочен раст. Ама тоа не е се': тимот на Кси исто така избира, како директна последица на овој фокус на исправање и изградба на ККП, да го ограничи капацитетот на владата за економски менаџмент."

Двајцата објаснуваат и дека инвеститорите и компаниите од претходниците на Кси беа навикнати тие постојано да го поттикнуваат растот на економијата и на инвестициите, со тоа што на првиот знак на економски проблеми, тие пумпаа дополнителни пари во економијата. Кога Кси не го направи ова тие крена паника за дека Кина е пред економски колапс.

Процената на двајцата автори е дека раководството и понатаму продолжува да ја тера својата цел за стабилизирање и засилување на ККП. Тие "не веруваат дека она што моментално се случува во економијата е непланирано, или резултат на политички грешки. Туку тоа само е дел од промислениот план за кинеската економија да се внесе во 21-от век."

15 октомври 2015 - 11:15