Од 2011-та САД имаат вдомено нешто под 1.900 бегалци од Сирија. Официјалната бројка на раселени и внатрешно разместени лица во Сирија е над 12 милиони, од кои 4 милиони ја имаат напуштено земјата.
Моментално САД годишно примаат 70.000 бегалци од цел свет, бројка која Обама вети дека до 2017-та ќе порасне на 100.000. Тој исто така најави дека само во 2016-та ќе примат 10.000 сириски бегалци.
Проблемот со ова ветување е што технички е многу тешко да се оствари. Моментално се потребни меѓу 18 и 24 месеци за бегалец од Сирија да се насели во САД. Причината за ова е една неподносливо долга и компликувана процедура наметната во име на националната безбедност. Процедурата е следна:
- Сириските бегалци прво треба да се регистрираат во УНХЦР дека се бегалци.
- УНХЦР спроведува неколку кругови на интервјуа, во кои го утврдува идентитетот на бегалецот и ги запишува неговите биометриски податоци, "по што почнува да копа по неговото минато."
- Вработените на ОН утврдуваат дали бегалецот спаѓа во која било од 45-те "категории од интерес," кои опфаќаат од тоа дали тој работел во одредени министерства, дали бил член на одредени воени единици, до тоа дали во одредено време бил на одредено место.
Целата оваа процедура се спроведува со ограничен број на луѓе, кои работат под притисок на се поголем број бегалци од цел свет.
Откако ќе заврши работата на О.Н. потоа САД го започнуваат процесот за проверка на бегалецот, кој вклучува интервјуа во живо и негова проверка во неколку бази на податоци.
Заради овој процес од 2011-та, од 20.000 кандидати кои успешно ја минале процедурата на УНХЦР, само 1.900 се примени во САД.