Проблемот со советското нуклеарно оружје останува ист од уште од времето на распадот на СССР. Ова најпрецизно го објаснува Грем Алисон од Харвард кој во 1996-та, пишува дека – советскиот нуклеарен арсенал е распореден на стотици локации на една-седмина од површината на Земјата. На овие локации има 1.000 тони високо збогатен ураниум, 100 тони плутониум и 30.000 нуклеарни глави.
По распадот, САД троши милијарди долари за да и помогне на Русија да ги надгради и засили нуклеарни објекти, а плаќаше за уништување на стотици нуклеарни глави. Оваа соработка заврши во 2014-та.
Иако е речиси невозможно да украдеш нуклеарна воена глава, радиоактивните состојки потребни за изработка на "валкана бомба" е значително полесно да се добијат и транспортираат. Плус за бомбашите самоубијци радијацијата од носењето на овие бомби не е нешто што би ги пишманило.
Она што е проблем со конкретната истрага што ја пренесува АП, е што во неа соработниците на ФБИ и молдавските власти се тие што се претставуваат како купувачи од Средниот Исток заинтересирани за нуклеарни материјали од Молдавците. Во најголемиот дел од случаите, апсењата следуваат заради примероци на нуклеарни материјали, "и никогаш не е стигнато до големи количини. Ова значи дека ако шверцерите имале пристап до поголеми резерви, тие остануваат во рацете на криминалците."
Секако стои и можноста криминалците воопшто да немаат нуклеарен материјал. Во случај од февруари годинава, шверцер се обидува да му продаде цезиум 137 на купувач од ИСИС. Тука се важни 3 работи:
- цезиум 137 не се користи за нуклеарно оружје, туку има само медицинска и индустриска употреба
- претставникот на ИСИС е соработник на полицијата
- анализата на едното шишенце цезиум што било запленето покажала дека тоа е далеку помалку радиоактивно отколку што ветувале шверцерите
За да не бидеме раат, во случајот од 2011-та, соработник на властите успева да купи високо збогатен ураниум од багажник на Лексус во главниот град на Молдавија. Анализите покажуваат дека овој материјал можел да биде искористен за изработка на нуклеарна бомба.