Русите испратија авиони, механизација и војници во Сирија. Процената на Обама е дека тие влегуваат во проблем, што е и процената на аналитичарите, според кои наскоро ќе почна да гинат руски војници, заради што Путин ќе треба да прати нови војници за да ги заштити тие што веќе се таму, со што неговата вмешаност ќе ескалира. Процената е исто така и дека Путин е свесен за ова.
"Наспроти ова САД изгледаат како да се изгубени. Обама повика Асад да си оди, а тој не си замина. САД истурија милиони долари на подготовки за бунтовниците да се борат против ИСИС, ама не и на оние кои се борат против Асад...
Пентагон создаде можеби четворица или пет борци - да, ова е точната бројка - а дел од тие што ги обучуваше се префрлија на страната на непријателот, земајќи ја со себе и опремата што ја добија.
Целата работа би била пародија сама на себе кога во Сирија не би имало 200.000 изгубени животи и 4 милиони раселени лица...
... Обама ништо не направи. Сирија само гноеше. Обама повлече 'црвена линија' околу користењето на хемиско оружје. Од тогаш Асад употреби отровен гас. Обама ништо не презема. Американскиот кредибилитет се разруши," пишува Ричард Коен во Вашингтон пост.
Коен има забелешки на повеќе одлуки на Обама и посебно неговата нерешителност за цело ова време да преземе каква било посериозна акција околу Сирија и сите вклучени во судирот.
"Обама е мек. Треба да се бориш против ИСИС. Тоа е фашистичко движење чија јасно искажана цел ги привлекува изгубените и заблудените. Над 20.000 вакви од цел свет пристигнаа во Сирија и Ирак.
Тие ги знаат нашите идеали. Ги имаат отфрлено во корист на насилството. Треба да ги убиеме. Нема друг начин.
Војната која Обама ја избегнуваше во Сирија чини многу животи. Војната што тој ја избегна ја преплави Европа со мигранти.
Војната што тој ја избегна направи каша од американската политика, обезбедувајќи простор за Русите, ја прикажа американската нерешителност и предизвика многу болка," пишува Коен.