(текстот содржи непријатни фотографии)
Авганистанската армија редовно бара помош од авијацијата на САД во борбите против Талибанците. Истото се случува и на 3-ти октомври, додека се обидуваат да ги протераат Талибанците од Кундуз (една од поголемите победи на Талибанците). Американците им испраќаат АЦ-130 борбен авион, кој целата своја сила ја истура на сосема погрешни координати.
Преживеаните од нападот на болницата раскажуваат дека во минутите пред нападот постојано биле во контакт со авганистанските и коалициските сили, а самата организација пред почетокот на контра-офанзивата пред 10 дена на сите вклучени страни во конфликтот им ги дале и посочиле точните координати на објектот.
Репортерот на Форин Полиси, влегува во болницата преку една од преостанатите порти. Во неа се двајца Авганистанци во цивилка и двајца полицајци кои ја чуваат болницата. Низ болницата наидува на хаосот што останува по нападот од американската авијација – јагленосан објект, изместени рамки од прозори беа стакло, откорнати парчиња бетон, расфрлани клима уреди.
"Над вратите црни флеки од гар кон таванот. Низ објектот, на сите видливи површини имаше спорадични лакови од дупки од куршуми. На други места, поголеми проектили пенетрирале директно преку ѕидовите, оставајќи дупки широки по 60 сантиметри.
Високите ѕидови околу објектот ја здржале смрдеата на гниеж од која се шири од главната зграда. Внатре, мноштва муви летаат над јагленосаните човечки останки. Најголемиот дел од циментот кој ги покривал циглите на внатрешните ѕидови или се одронил при ударот на поголемите проектили или се распаднал од екстремната топлина од огнот што го опфатил објектот. Таваните поцрнети од чад и продупчени од мали проектили или летачки отпад, пропуштаа снопови светлина.
Одејќи низ околу 40-те соби телата и останките беа расфрлани, и тоа најчесто, сами. Сите освен едно од овие тела - или она што е останато од нив - беа на патос. Под останките на една од жртвите - инаку непрепознатлива освен по отсеченото стапало - беше бело-сината болничка униформа, речиси комплетно недопрена," пишува фоторепортерот Андре Куилти во текстот за Форин Полиси.