Една од опасностите кои ги спомнува претседателот Обама е Исис. Добро, кој на планетава нив ги вооружува? Кој ги вооружува Сиријците кои се борат против Асад? Кој постојано носи оружје во тој регион? Дали вие навистина не разбирате кој се бори во Сирија? Главно платеници. Сфаќате ли дека тие за тоа добиваат пари? Платениците се борат за оној кој плаќа најмногу. Ги вооружуваат и им даваат пари. Јас дури и знам за колкави суми се борат. Потоа ќе откријат некој кој плаќа повеќе... па одат да се борат за него.
Па ќе заземат нафтни полиња. Каде и да е, во Ирак или Сирија, и почнуваат да вадат нафта. Каму санкции за оние кои ја купуваат таа нафта? Верувате дека САД не знаат кој купува? Не се тоа нивните сојузници кои купуваат нафта од Исис? Мислите САД немаат влијание врз нивните сојузници? Или поентата е дека тие не сакаат да влијаат врз нив по ова прашање?
Тогаш, зошто да се бомбардира Исис? Во областите во кои вадат нафта тие плаќаат повеќе па платениците од "цивилизираната" сиријска опозиција веднаш им се придружуваат. Ова за мене е многу непрофесионална политика.
"Ние мораме да ја подржиме цивилизираната и демократска опозиција во Сирија". Па ја поддржувате а тие утре одат во Исис. Не може да се размислува еден чекор понапред?
Владимир Путин, одговарајќи на прашање на американски новинар на прес конференција на Дебатниот клуб Валдаи.