Свет

Сопругата на Ким Јонг-ун 7 месеци ја нема во јавност

Да не беше севернокорејскиот лидер склон кон егзекутирање на членови на семејството сите муабети ќе завршеа на тоа дека г-ѓа Ким е трудна па се пази по дома, вака сега треба да се објаснува со шпекулации за нејзино затворање или смрт.

Човековите права во челуста на пропагандата

Русија изгуби место во Комисијата за човекови права во ОН и нема сега да ја жалиме. Ама начинот на кој вообичаено се подготвува теренот за вакви политички пресметки заудара на тешка пропаганда.

Колку држави бомбардира САД во моментов?

Ако се водиме според бројот на војни што во моментот се одобрени од американскиот Конгрес, официјалниот број би бил нула. Тоа не значи дека на терен е така.

Алгоритмите навиваат за Трамп

За разлика од анкетите што речиси од почеток на трката покажуваат предност на Хилари, републиканскиот кандидат најде колку-толку оддишка во прогнози од вештачката интелигенција.

Путин до САД: Олабавете ме и гледајте што ви се случува на избори

Американските политичари само создаваат хистерија околу "митската руска закана" како маневар да се оттргне вниманието на гласачите од вистинските проблеми за време на американските избори, изјави Путин на средбата со руските експерти за надворешни работи.

Од демонтирањето на "Џунглата" на Кале

Во обид да покажат дека не е само Германија со иницијатива околу бегалците, Франција и Британија одлучија да го поништат дивиот бегалски камп во Кале, а неговите жители да ги поделат меѓу себе (иако доминантното мнозинство бегалци од Кале седат таму чекајќи да преминат во Британија).

Луѓето ќе го изгласаат Трамп како едно големо ФАК ЈУ

Баталете ги анкетите и сондажите по кои Хилари е во сериозна предност, порачува филмаџијата Мајкл Мур кој останува на својата теза дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД првенствено како гневна реакција на граѓаните кон системот. 

На кој јазик да се разведеме?

Кавгите околу тоа на чиј јазик да се зборува изгледаат како типично балканска занимација. За среќа, тука е ЕУ одвреме - навреме да нè потсети дека национализмите на Балканот дојдоа од Европа.

Операција "хот-спот за Асанж"

Во неделата владата на Еквадор му го укина интернетот на Асанж во амбасадата во Лондон по основа дека тој се мешал во американските избори со објавување на мејлови на Хилари. Од тогаш на некој му текна, "чекај бе, сигурно Асанж може да фати вифи, а?"

"Што мајка ти?" претседателски дебати

Хилари Клинтон и Доналд Трамп во претседателските дебати, и општо во кампањата, влегоа со прилично голема пратка личен багаж. За Клинтон тоа претежно беа мејловите и говорите и блискоста со Вол Стрит. За Трамп, тоа беше речиси секоја тема за која некогаш отворил уста.

Кога германско социјално било циција?

На Сириец што во Германија живее под исти кров со 4 жени и 23 деца, според тамошните закони му следува социјална помош. Пресметките покажуваат дека оваа фамилијарна касарна би требала да добие социјално од над 30.000 евра месечно.

Егзекутиран судијата во случајот против Ел Чапо

Во понеделникот во Метепек (на околу осумдесетина километри од Мексико сити) убиен е 37-годишниот судија Висенте Бермудез Закариас. Како што се гледа на безбедносната снимка тој е егзекутиран од грб со куршум во глава.

Година дена жалост во Тајланд

Илјадници и илјадници луѓе го испратија Рама 9-ти, 88-годишниот крал на Тајланд кој почина во четвртокот. Со крајот на церемонијата започнува и 1-годишната жалост во земјата.

Светот наголемо гугла "Трета светска војна"

Иако ваков каков што е (премногу оружје и премногу глупи луѓе на премногу важни места), светот и онака во секој момент може да отиде у курац, изгледите за тоа стануваат некако поблиски кога ќе се нарајцаат САД и Русија. Глобалната интернет заедница на оваа тема го прави тоа што најдобро го знае - гугла. Кај нас најбуден е Љубчо. Кога не треба.

Награда за мир отслужена со ропство

Надја Мурад е добитничка на годинешната Вацлав Хавел наградата за човекови права, за нејзината работа на заштита на Јазидите од ИСИС. Мурат три месеци беше робинка на ИСИС, која за цело време на своето ропство е сексуално малтретирана од повеќе терористи.

Од украинскиот фронт од војната меѓу Западот и Русија

Под терминот "тековна професионализација" канадската армија од 2014 ги обучува и им помага на Украинците во војната против руските сепаратисти. Под терминот "Кремљ е наш" Русија ги обучува и помага руските сепаратисти во војната против Украинците.

Како Меј ја закопа фунтата

Тереза Меј на говор во неделата: Британија е 5-та по големина економија во светот. Глобални пазари во понеделникот: Британија е 6-та по големина економија во светот.

ЕУ помош или магаре

Западните лидери се собраа и ветија дека ќе донираат милијарди долари за помош на Авганистан. Со оглед на тоа каков е договорот прва ставка од помошта ќе треба да биде дополнителен терминал на аеродромот во Кабул, за да може да ги опслужи сите бегалци што Европа ќе ги депортира назад во земјата.

Јемен: Невидливата војна на Британците

И покрај тоа што трае веќе две години, и е катастрофална по секоја ставка, војната во Јемен никако да дојде на ред во глобалните медиуми. На една страна се Хути бунтовниците поддржани од Иран, а на другата се владините сили поддржани од Саудијците опремени со британско оружје.

Како Колумбијците одбија мир

Референдумот требаше, и сите очекуваа, глатко да стави крај на 52 годишната војна меѓу колумбиската влада и Револуционерните вооружени сили на Колумбија. Првите ќе добиеа мир и контрола на целата земја, најголемиот дел од вторите ќе добиеа помилување.

Саудијките бараат куртул од мажите

Со оглед на тоа за каква земја се работи, импозантна е бројката од 14.500 жени кои ја потпишаа петицијата државата да ги олабави од мажите и од нивната задолжителна присутност во женскиот живот.

Двојните стандарди на Виктор Орбан

На Виктор Орбан не му пречат ни кога се од истокот ни кога се муслимани. Му пречат кога немаат пари. За тие што имаат, Унгарија е прилично великодушна.

Холандските војници ќе ја тужат својата држава зашто ги пратила во Сребреница

Може нивното барање има логика во нивните животи но пак е перверзија: кого да тужат илјадниците убиени кои веруваа дека живеат под заштита на истите тие војници кои еден ден решија да дигнат сидро од таму?

Прва рунда, Клинтон

Впечатокот што го пренесуваат американските медиуми е е дека во првата претседателска дебата Клинтон успева да му влезе под кожа на Трамп и како ретко кога во последниве две години терање кампања, републиканскиот кандидат да ја изгуби смиреноста и постојано да е во гард.