Независноста е изгласана со 70 спрема 10 гласа, а опозициските пратеници го бојкотираа гласањето.
Претходно шпанскиот премиер им порача на сенаторите дека е неопходно воведување директна власт за враќање на „законот, демократијата и стабилноста“ во Каталонија.
На ова му претходеше регионален референдум, по сите основи блокиран од Мадрид, на кој 90% од гласачите беа за отцепување од Шпанија.
Сега шпанскиот Сенат треба да одлучи дали за прв пат ќе го активира членот 155 од шпанскиот устав кој на Мадрид му дозволува да ги „преземе сите потребни мерки“ за смирување на регионот. Во пракса ова би значело отпуштање на каталонските лидери и преземање на тамошните финансии, полиција и јавни медиуми.
****
- Каталонците отсекогаш биле различни, но како се најдоа во Шпанија?