Свет

Заедничкиот успех на Хилари и Трамп

Едниот затоа што е тешка сировина од човек а другата затоа што е толку преработена што не се гледа човекот, републиканскиот и демократскиот кандидат за американски претседател здружно постигнаа интересна цел: на човека да му ги згадат изборите. 

Другарка за Белата куќа

Алисон Кенеди е американска комунистка која упорно работи на основната идеолошка кауза, освестување на работничката класа дека она што ѝ се нуди на избори, не е нивен избор. На избори редовно минува катастрофално но тоа не ја секира: кога комунисти воопшто дошле на власт со избори?

Науката зад примирјето, или мир не бива од прв пат

Самиот чин на примирје не само што влијае на ситуацијата на теренот, туку, според политиколозите, го менува начинот на кој учесниците ја ценат користа од борбите наспроти зборувањето. Убавината на секое примирје е што и да не е успешно, тоа ги зголемува шансите дека некое следно ќе биде.

Меѓународен кривичен суд за генералниот

Судот во Хаг објави дека ја проширува својата дејност па во иднина освен владини претставници, пред него ќе одговараат и ЦЕО-а на компании, одговорни за злосторства против човештвото.

Загрижувачки број малолетници сакаат да ја запалат Франција

15 годишно момче деновиве беше уапсено во Париз по откривање на неговите планови за изведување терористички напад во градот. Само во последнава недела тоа е трет малолетник кој е уапсен заради истата намера.

Канада ќе дава хероин на рецепт

Џастин Трудо продолжува да ги гребе конзервативните уши и да ги менува ригидните политики кои на рајата ѝ звучат ферски ама не даваат резултати.

Кампањата на Хилари, и проблемот од криење околу нејзиното здравје

Пред викендов најголемиот дел од муабетите околу здравјето на Хилари толку беа прифатени како републиканска хистерија и паничење, што дури ни Бил Орајли на Фокс не сакаше да зборува за нив. Сето ова глатко ќе минеше за кампањата на Хилари, доколку викендов, на одбележувањето на 11-ти септември, не и се слошеше на жената.

Хиспаносите во САД достигнуваат рамковни пропорции

Хиспаносите во САД по бројност се приближуваат до македонскиот рамковен таргет од 20 проценти. Сега ги има 17 проценти но во растот на вкупната популација учествуваат со повеќе од половина.

Алепо? Се мачка на леб?

Ни од третите нема фајде. Надежта на американските либертаријанци и алтернативата на претседателскиот избор змија (Хилари) или магаре (Трамп), баш прописно се избрука на јавна сцена.

Рускиот Трамп сака ѕид, забрана за муслимани и нуклеарка врз Белата куќа

Владимир Жириновски неодамна гордо објави дека побарал ДНК тестирање за да се утврди дека е во крвно сродство со Доналд Трамп. Додека резултатите покажат дали се биолошки братучеди, Жириновски својски се труди да докаже дека се политички близнаци.

13-ти ноември во Париз требал да биде многу поужасен

Не само што нападот на Париз бил планиран да има далеку повеќе жртви, туку требал да се случи и во уште неколку градови, по што требало да следува втор бран напади на неколку локации низ Европа.

Блокада на Кале за чистење на "Џунглата"

Откако мигрантите сместени во кампот "Џунгла" кај Кале почнаа да стануваат се понасилни кон возачите на камиони на блискиот автопат, стотици трактори и камиони го блокираа автопатот барајќи негово итно затворање.

Сиријците на учење занает во германската армија

Старата германска поговорка вели, дај му на Сириец да јаде и имаш среќен азилант на еден ден, научи го да гради и може некогаш ќе се спакува и ќе се врати назад во Сирија.

Приватната средба меѓу Путин и британски студенти

Иако уште се нема сретнато со новата британска премиерка, Путин најде време за два часа да седи и да разговара со 11 студенти од едно од најскапите и најстари британски училишта, Етон колеџ.

Франција се цицки, а не фереџиња

Францускиот премиер докрај ја разголе дилемата околу бурките и неуспешниот обид за нивна забрана. Голите гради, а не шамиите, се симболот на Републиката, смета Мануел Валс. Кај следбениците постигна полн погодок, иако фактички ова е статива.

Игра рокенрол цела Северна Кореја

Прославата на национално ниво, нарачана директно од човекот, е по повод празникот на војската и успешното лансирање проектил. На настанот му претходеше и соодветна закана до Сеул и Вашингтон дека ќе бидат претворени во "купишта пепел."

Жената која живее од убивање дилери

Филипини се среде брутална пресметка со нарко-мрежата иницирана од несекојдневниот претседател Дутерте. За неполни два месеца во војната со дилерите загинале околу 2.000 лица. BBC разговараше со жена која работи како платен убиец на дилери.

Жената што живее од убивање дилери

Филипини се среде брутална пресметка со наркомрежата, иницирана од несекојдневниот претседател Дутерте. За неполни два месеца во војната со дилерите загинале околу 2.000 лица. BBC разговараше со жена што работи како платен убиец на дилери.

Апокалипса веднаш

Оригиналниот и фактографски точен наслов на сторијата е “Најџел Фараж зборуваше на митинг на Доналд Трамп”, меѓутоа сепак не сакаме на прва да вадиме луѓе од памет.

Мамурлакот од брегзит почна да удира

Мнозинството од тие што гласаа за напуштање на ЕУ почнаа да го воочуваат проблемот што луѓето кои ја водеа кампањата за останување во Унијата го имаа уште од првиот ден - брегзитерите немаат поим од економија, и како таа функционира.

Германското разузнавање предупредува на ИСИС меѓу бегалците

Разузнавачките служби за Бибиси тврдат дека имаат докази дека "одреди на смртта" од ИСИС се инфилтрирале во земјата преправени како бегалци.

Венецуела: Кутија тестенини 300 долари, и тоа не е најлошото

Не е проблемот само што има стапка на инфлација која се предвидува дека ќе достигне 2.200%, туку и да имаш пари и некако магично да си отпорен на инфлацијата, нема производи за да можеш да ги купиш.

Постојана вонредна состојба

Франција моментално е во 9-от месец од предвидените 14 и пол месеци вонредна состојба. Кога беше донесена одлуката, таа требаше да помогне Франција да биде побезбедна, но сепак не успеа да го спречи масакрот во Ница, или убиството на свештеник во Нормандија.

Зошто Путин би го слабеел НАТО, кога за тоа ги има Ердоган и Трамп?

Ако Путин правеше планови како да го ослабе НАТО, тој не би можел да смисли нешто подобро од она што се случува во моментот, пишува Блумберг.