Сине каква журка беше, можеше кардинал да излезеш

Не е вест кога полиција ќе направи рација во стан за да прекине журка на која врие од дрога. Вест е кога полиција ќе направи рација во стан за да прекине геј-оргија на која врие од дрога, и станот да е на католички кардинал, и да се наоѓа сред Ватикан.

Технички станот е на кардиналот Франческо Кокопалмерио, личен советник на Папата и претседател на папскиот Совет за законодавни текстови. Во пракса него го користи свештеник кој му е секретар на кардиналот.

Според тврдењата што ги објавува весникот Il Fatto Quotidiano, соседите прво биле сомничави, па дури потоа го пријавиле "несекојдневното однесување на оние што влегувале и го напуштале станот".

Кога полицијата влегува во станот, тие таму наводно откриваат дроги и група мажи што имаат сексуални односи.

Il Fatto Quotidiano тврди дека Папата бил гневен заради скандалот, заради што најверојатно ќе изврши притисок врз кардиналот да си поднесе оставка.

Кардиналот Франческо Кокопалмерио,

 

5 јули 2017 - 13:55