Според истрагата на полицијата самата фасада и изолација на зградата не ги задоволува потребните безбедносни стандарди. Што се однесува до фрижидерот тој не бил намерно запален.
Токму лошата изолација е причината за брзото ширење на пожарот, а "изолацијата се покажала како позапалива отколку фасадата".
Кулата има нова фасада која е платена околу 8 милиони фунти, и според станарите таа е ставена за кулата да им изгледа убаво на богаташите што се во нејзина околина. Нивниот бунт е дека овие пари требало да бидат дадени на противпожарни и безбедносни системи. (Гледај тука.)
Инспекторите сега треба да утврдат дали употребата на овие материјали е легална. Во меѓувреме полицијата ја разгледува можноста за покренување обвинение за убиство.
Се претпоставува дека околу 600 кули во Британија имаат слична запалива изолација.