Си-ен-ен ја пушти, па ја повлече па се извини за веста за наводната поврзаност на човек на Трамп (Ентони Скарамучи) со еден руски фонд кој е под истрага. Но, тоа не беше доволно да се ублажи бруката па мораа да се принесат и персонални жртви.
И тоа какви. На откази беа принудени Томас Френк, кој ја напиша сторијата, пулицеровиот добитник Ерик Лихтблау кој неодамна беше добиен од Њујорк Тајмс и Лекс Харис, шефот на истражувачкиот oддел на Си-ен-ен.
Како и многу други стории поврзани со наративот „Русите нè хакнаа и ни го турија Трамп“, и оваа се темелела на еден единствен анонимен извор кому се верувало како да лее факти. Подоцна се испостави дека куќата баш и не може да ги брани „фактите“ од приказната.
И тоа го открија никој друг туку дифолтно сомнителните Спутњик њуз и Брајтбарт, наведувајќи дузина фактички неточности во приказната.
Последнава епизода следува по засрамувачките корекции кои Си-ен-ен беше принуден да ги направи на почетокот на јуни откако неколкумина од главните фаци во куќата - аха, базирано на анонимни извори - тврдеа дека Џејмс Коуми од ФБИ ќе го демантира Трамп околу тврдењата дека самиот директор му кажал дека не е под истрага. Коуми сведочеше пред Конгресот и не го демантираше, туку го потврди она што го зборуваше Трамп.
Њујорк пост неодамна во едиторијал се посипа со пепел околу оваа информативна голгота со Русите во која се насанкаа многу угледни информативни брендови. Меѓу нив веројатно најтешко ќе се испере Вашингтон пост (куќа со дури 47 Пулицерови награди) кој упадна во една огромна будалаштина тврдејќи дека Русите успеале да ја хакираат електричната мрежа во Вермонт.
Види:
Новинарскиот куршлус во Вашингтон Пост
И ѕирнете уште ова, еден муабет со продуцент на Си-ен-ен во кој овој признава дека приказната за руското пенетрирање најверојатно е булшит: