Џонсон пред Комитетот за разузнавање директно порача дека Русите не успеале да ги изменат "гласачките ливчиња, броењето гласови или известувањето за изборните резултати".
Да, јасно е дека Русија (со целосно одобрување на Путин) оркестрирала сајбер-напади со цел влијание на изборите 2016, и исто така промовирала лажни вести.
Меѓутоа хакирањето и објавувањето преку Викиликс на мејловите на демократите не предизвикало никакви значителни промени. Најголемото влијание е што се потврди очигледното: дека Демократската партија уште од старт ја фаворизирала Хилари Клинтон.
А лажните вести претежно служеле за хранење на постојните предрасуди на луѓето - што секако одговара на намерата на Путин да ја поткопа нашата демократија, меѓутоа не успева во намерата да ги предомисли гласачите од една партија да гласаат за друга.
Џонсон едноставно објасни дека Демократите не го сфатиле проблемот премногу сериозно: "ФБИ и Демократската партија контактираа со месеци пред упадот, и Демократите сето тоа време не чувствуваа дека им треба помош од Департманот за домашна безбедност."
Џонсон исто така објасни зошто на администрацијата на Обама молчела за заканата. Белата куќа тврдела дека јавното признавање на можно руско мешање може да се перципира како обид за влијаење на изборите - посебно затоа што Доналд Трамп постојано предупредуваше дека "изборите ќе бидат наместени".
Бидејќи Обама водеше жестока кампања за Клинтон, Белата куќа сметала дека алармирање околу руското влијание би изгледало како дел од кампањата.
Дали повеќе се плашеле дека тоа ќе ја поткопа довербата во изборите или дека тоа само ќе му помогне на Трамп? Треба да се има предвид дека тимот Обама стави вето на планот на тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, да објави колумна со предупредување за руските напори за мешање во изборите - што би било најмалку политичкиот начин за ширење на пораката.
А кога тимот Обама на крај излезе во јавноста со информацијата за заканата, тоа беше на истиот ден кога се појави снимката од Аксес Холивуд (фалењето околу фаќањето жени) која тогаш изгледаше како крајот на Трамп.
Администрацијата не презема ништо се до завршувањето на денот на изборите, кога и наметна нови санкции на Москва - ставајќи го прашањето околу руското мешањето на прво место само откако Трамп победи.
Добро е дека оваа хистерија конечно ќе умре, меѓутоа штета што начинот на кој тимот Обама се справи со нејзе на прво место помогна во создавање на толку погрешно насочена хистерија.