Неодамна пишувавме дека иако многумина во Европа се сомневаат дека ЕУ воопшто ќе постои во наредните 10 години, на денешен ден само Чесите би излегле од неа, кога би имало референдум на таа тема.
Чешката левица се согласува со оценката на Вацлав Клаус за Европската унија како затвор за Европјаните.
„Не сме сигурни дали евентуалното излегување од ЕУ ќе доведе до колапс на домашната економија или ќе ја засили. Знаеме само дека Чешка станува донатор на буџетот на ЕУ“, вели нивниот лидер Премисл Влтава.
Чесите знаат дека во меѓувреме и добиваат пари од ЕУ но тие не им се сигурни бидејќи е можно брзо да се пренасочат кон земјите кои чукаат на портите на Унијата.
„Се говори дека ќе ја примаат Украина. Дали тоа ќе биде катастрофа за Чешка? Не сум сигурен. Знам дека странските компании кои работат во нашата земја нема да одат никаде бидејќи нашата работна сила е евтина а тое единствената работа која ги занима германските, француските и италијанските компании“, вели Влтава.
За бегалците тој ги обвинува Американците и НАТО. Она што го направија тие бомбардирајќи ја Либија и правејќи катастрофални потези во Ирак, Авганистан и Сирија создаде цунами од бегалци, проблем кој сега треба да биде заеднички.
Во септември 2015, Советот на ЕУ донесе план за воведување квоти за распределување на 160.000 мигранти од Грција и Италија низ цела Унија. За планот гласаа мнозинството министри за внатрешни работи но Унгарија, Словачка, Романија и Чешка беа против.
Овој јуни Европската комисија започна правни процедури против Чешка, Унгарија и Полска за непочитување на мигрантските квоти.
Во меѓувреме (од септември 2015 до денес), Унгарија и Полска немаат прифатено ниту еден бегалец а Чешка има примено само 12. Последниот од нив во август лани.