Овие сили би ги преземале вселенските мисии кои моментално потпаѓаат под американската воена авијација. Доколку планот се комплетира тоа ќе биде прво воведување на нова воена гранка во земјата од 1947.
Првиот човек на овие сили ќе биде и осмиот член на Заедничкиот штаб на вооружените сили на САД.
Планот кој би требало да биде реализиран до јануари 2019 е дел од проектот за радикално реорганизирање на американските воздушни сили.
Забелешката на луѓето од панелот кој треба да го одобри формирањето е дека многу апансас дознале за целата работа, и немале доволно време да се организираат околу предлогот. Наспроти нив, членови на поткомитетот за стратешки сили, еден републиканец и еден демократ, објаснуваат дека идејата за одделни вселенски сили веќе со години се разработува.
Според нив, идејата за посебни вселенски сили е уште од 2001, од комисијата на Рамсфелд.