Ваквиот услов се темели на законот кој републиканскиот гувернер на Тексас го потпиша минатиот јули а во кој на државата ѝ се забранува да склучува деловни договори со компании доколку тие не потврдат дека нема да го бојкотираат Израел за време на траењето на договорот. Законот се однесува дури и на бизниси кои одбиваат да купуваат производи од спорните израелски населби во Палестина.
Апликациите за склучување договори со државата овој услов експлицитно го наведуваат:
Тексашкиот закон е сличен на оној во Канзас иако таму во еден спорен случај кој отиде дури до Апелација, судиите едногласно решија дека државата нема право да забранува политички мотивирани бојкоти.
„Апсолутно е апсурдно државните и локалните власти да наметнуваат политички лакмус тестови при доделување фондови за обнова на инфраструктурата уништена од ураганот Харви. Државни фондови не смеат да се доделуваат според критериуми за политичко убедување“, велат противниците на ваквиот закон.