Првата порака е дека левичарските партии треба да ги напуштат „блеровските“ анти-синдикални / про-банкарски политики. Второто е дека истите тие треба да прифатат политики кои им помагаат на работнички семејства и ја ограничуваат нееднаквоста.
Лидерот на лабуристите се побунил против „ниските даноци за богатите, дерегулацијата и приватизацијата на јавните индустрии и го прозвал лажниот центризам кој според него е виновен за реакционерните, ксенофобични крајно-десни движења низ Европа.“
На конференцијата Корбин е претставен како „новиот премиер на Британија“.
„На сите ни се познати нивните политики на омраза, обвинувања и поделби а не и одговори, меѓутоа освен ако не понудиме јасна и радикална алтернатива со кредибилни решенија за проблемите со кои се соочуваме, ако не понудиме шанса да се замени расипаниот систем и надеж за попросперитетна иднина, ние го отвораме патот за екстремната десница уште подлабоко да навлезе во нашите заедници. Нивната порака на страв и поделби ќе стане политички меинстрим.
Меѓутоа ние можеме да понудиме радикална алтернатива; ние имаме идеи како да ги направиме прогресивните политики доминантна сила на овој век. Меѓутоа ако не ја испратиме нашата порака како што треба, ако не застанеме зад нашите клучни верувања, и ако не застанеме зад промените ние ќе се претопиме и ќе стагнираме.
Неолибералниот економски модел не функционира. Тој не функционира за најголемиот дел од луѓето. Нееднаквоста и ниските даноци за богатите се штетни за нашите луѓе и тие и штетат на економијата како што сега признава и ММФ.
Пријатели, можно е да се добијат овие расправии ако се учествува во нив и ако се извадат на површина. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Ако нашата порака е храбра, и нашата порака е радикална, и ако слушаме што мнозинството всушност сака, ние ќе докажеме дека елитите и нивните говорници грешат,“ порачал Корбин.