Свет

Малку увредена британска администрација

Вработените во протокол во кабинетот на Тереза Меј останале подзинати од поканата што Трамп по победата ѝ ја испратил на премиерката, која со целата своја дипломатска протколарност гласела: „Кажи ако доаѓаш накај САД“.

Парадоксот Обама: добар човек, лош свет, горчлив крај

Судбината на наскоро поранешниот претседател Барак Обама потсетува на некои од најголемите љубовни приказни во историјата. Копнеж а потоа каење, секогаш копнеејќи по нешто што никогаш не е баш исполнето.

Луксембуршки приоритети и владини одлуки

Луксембург донесе закон за рударење по астероиди, со кој на приватните вселенски компании им се гарантира дека се што ќе најдат додека ископуваат по астероиди и други вселенски тела ќе биде нивно.

Важно се протестира

Повеќе од половина од уапсените на анти-Трамп протестите во Портланд воопшто не ни гласале на претседателските избори од пред една недела.

Републиканците за кратко ќе го сменат Трамп

Професорот кој наспроти целиот анкетарски естаблишмент уште во најубавите месеци за Хилари (септември, октомври) непоколебливо тврдеше дека Трамп ќе победи на избори, има и продолжение на својата прогноза, според кое - републиканците ќе го соборат новиот Претседател.

Хашки судења за Американците во Авганистан?

Под сомневање дека САД извршиле воени злосторства (силување, тортура и суров третман на затвореници) за време на инвазијата на Авганистан, во Хаг се разгледува можноста за покренување обвинение против американските вооружени сили и ЦИА.

Шпанската влада сака да забрани мемиња

Владеачката Народна партија на премиерот Мариано Рахој се обидува да протне закон со кој ќе се забранат интернет мемињата. Се разбира, ваквиот предлог наиде на канонада мемиња.

На референдумот нема кој да му пише

Победата на Трамп во сенка фрли сè друго, дури и фактот дека освен за претседател, Американците тој ден решаваа за стотина други битни прашања: смртна казна, легализација на канабисот, двојазичност во училиштата....

Мајкл Мур: Пет работи за правење веднаш

Филмаџијата кој се чинеше осамен крик кога наброи 5 работи зошто ќе победи Трамп и уште летоска им порачуваше на Американците да се навикнат да ги изговараат зборовите "претседателот Трамп", објави листа од 5 работи кои мора да се направат веќе првиот ден по поразот на Хилари.

Хилари Клинтон: Доналд Трамп е нашиот претседател

Со повеќе гласови од публиката (нејзини 47.7% наспроти неговите 47.5%), но со помалку од надлежното изборно жири (Трамп обезбеди 279 гласови од електори), Хилари Клинтон призна дека овој пораз ќе боли уште долго време но дека Трамп заслужува шанса да ја води земјата.

Трамп до светот: Ќе бидеме фер

Веројатно за првпат откако се родил, Доналд Трамп покажа чојство, грациозност и државничка зрелост во победничкиот говор. 

Доналд Трамп е претседател на Америка

Tрката е готова. Меѓу магарето и змијата, Американецот го одбра првото. Нека им е честито. само да не му даваат да си игра со тоа копчињата од нуклеарките.

Доналд Трамп е на чекор до Белата куќа

Резултатите не се конечни и победникот сè уште не се знае. Но водството е кај Трамп, чиј икс фактор се покажа таму каде што најмногу му треба - во клучните, т.н. свинг држави. Подемот на Трамп веднаш предизвика страшен пад на берзата.

Хилари против Меркел за да ѝ помогне на Грција

Новите документи од Викиликс откриваат како екипата на Хилари Клинтонн планирала малку да ја залакта германската канцеларка за да му се помогне на нивниот социјалистички сојузник во Грција.

Америка нема да пропадне без разлика кој ќе победи

Делот од Америка во кој јас живеам - голем град, либерали, премногу места за бранч - е изваден од памет околу Доналд Трамп. Ова е многу спротивно од деловите од Америка кои комплетно се разликуваат од Америката околу мене - рурални, вооружени, конзервативни, и речиси комплетно без места за бранч. Овие Американци се извадени од памет од Хилари, речиси исто колку што луѓето околу мене се загрижени за Трамп, пишува уредникот на Вајс, Хари Чидл.

Британија нема да го добие брегзитот што го посакува

Поранешниот белгиски премиер и еден од најфанатичните бранители на Унијата, Ги Верхофстад, е човекот што Европскиот парламент го избра за свој главен преговарач за брегзит, потег што Најџел Фараж го нарече "објавување војна" од страна на ЕУ.

Завршните спотови на Хилари и Трамп

Грубо преведено на нашки, Трамп игра на СДСМ карта (Ја украдоа државата, Да им ја вратиме на граѓаните...) а Хилари на наративот на ВМРО (Ние сме одговорни, Ние се грижиме...).

Тајниот свет на американските избори

Во интервју за новинарот Џон Пилџер, Асанж ја сумира содржината на десетиците илјади мејлови на Хилари Клинтон што Викиликс ги објави годинава.

Како ФБИ пак ѝ се закачи на Хилари

Најновиот омилен негативец на демократите (дури и Обама фати да го хејта), директорот на ФБИ Џејмс Коуми, на 28 октомври во писмо до американскиот конгрес објави дека повторно ја отвора истрагата против Хилари, поради постоење на нови докази. Како и претходно, и овој пат Хилари страдаше поради напален маж.

Прво ќе го прашате Парламентот дали може, па после брегзит

Судот денес одлучи дека британската влада не може да го започне процесот за напуштање на ЕУ без за тоа да добие одобрение од Парламентот. Без разлика што е решено на референдумот.

Кога демократите го сакаа директорот на ФБИ

Се чини дека во политиката засакуваш некого само ако оние другите го мразат. И обратно, нормално. Пoлитико, технологијо кобасичарска...

Не можеш да бидеш доволно параноичен околу Русија?

Финската државна телевизија, Уле, ја објавува информацијата дека тамошното УБК се сомнева дека Русија започнала со програма за купување на финско земјиште, кое подоцна ќе го пополни со руски војници. Во состојба кога во врат ти дише воено мобилизирана Русија, за Уле доволно е и што извор на веста е еден фински таблоид.

Што имаат заедничко САД, Русија и Северна Кореја?

Сите политички, идеолошки и вредносни разлики паѓаат во вода кога во име на помирниот сон на оваа планета ќе им побараш да се откажат од нуклеарките.

Хилари добила прашања од дебатите пред почетокот на дебатите

Сиенен ја прекина соработката со политичкиот коментатор Дона Бразилe откако новиот пакет мејлови објавен од Викиликс покажа дека таа и обезбедила на Хилари прашања од дебатите, пред тие да започнат.