За време на дискусија за енергетика со „Meet the Press“ станало збор за посетата на Рик Пери на Африка.
Американскиот секретар раскажал како таму некоја млада девојка му рекла колку струјата ѝ е важна бидејќи е принудена да чита книги на светлина од оган кој испушта отровни чадови.
Но, да е само тоа:
"Но исто така од аспект на сексуалните напади“, ќе рече Пери. „Кога сијалиците се пуштени, тогаш светлината, праведноста, ако сакате, паѓа на овие чинови“.
И така американскиот секретар за енергетика, Рик Пери, уверливо ја засилил тезата на неговата екипа дека извозот на фосилни горива е супер работа бидејќи, да речеме, на луѓето во Африка ќе им донесе многу благодети.
Инаку, Трамп на својата гласачка база одамна им труби дека нема да дозволи да се губат работни места поврзани со класичните извори на енергија.
Професорот Ричард Волф фино објаснува зошто тоа што го зборува Трамп е булшит:
Но, штетатат е веќе направена. Алтернет пишува дека рударите одбиваат да учат нови вештини и да се преквалификуваат поради вербата во она што им го ветува ТРамп.