Нападот во Менхетн: Луѓе мислеле заебанција за Халовин

Најмалку 8 лица се мртви и 15-тина се повредени кога човек со камионче влетал на велосипедска патека и почнал да гази. Сведоци помислиле „добра заебанција“, сè додека не почнало да се пука.

Нападот кој веќе e оценет како терористички се случил на само неколку блока од Меморијалниот центар на СТЦ. Со изнајмено камионче лудак влегол од контра правец на велосипедска и пешачка патека и почнал да гази луѓе.

Извозел цели десет блока па на крај се забил во автобус, ппо што излегол надвор, викал „Алаху акбар“ и со два пиштола мавтал по луѓе.

Подоцна се утврдило дека пиштолите се лажни, откако кретенот бил ранет со вистински полициски пиштол и лишен од слобода. Викаат имал 29 години, некои велат, нешто постар. (Едит: се вика Сајфуло Саипов, возел Убер)

Неколкумина сведоци чии изјави пренесува Телеграф помислиле дека се работи за пранк по повод Халовин. Дури откако виделе пиштоли и пукање, почнала бежанија. 

 

 

31 октомври 2017 - 22:59