Бунтовништво, повик на непослушност и злоупотреба на јавни фондови ќе бидат трите кривични дела за кои јавното обвинителство ќе собира докази против побунетите каталонскиот лидери. Главниот обвинител Хозе Мануел Маза не откри дали ќе бара и притвор за осомничените додека трае постапката.
Маза рече дека исти обвиненија најверојатно ќе бидат подигнати и против шефицата на каталонскиот парламент Тереза Форкаде, но поради процедурални причини, тој случај прво ќе мора да мине низ Врховниот суд.
Во Каталонија е главно мирно и уште е нејасно кој сè од сецесионистичките функционери денес се појави на работа. Првиот човек на шпанската полиција апелираше да не пружаат отпор кон одлуките на Мадрид за да не мора полицајците со сила да ги спроведат наредбите.
Никој го немаше забележано Пучдемон како доаѓа на работа иако овој на Инстаграм денес постираше фотографија сликана од внатрешноста на палатата во која работи, со едноставна порака: „Добро утро“.
Во меѓувреме заседаваат партиските водства на двете каталонскиот партии кои ја сочинуваа владеачката коалиција за да донесат став околу изборите кои централната власт ги закажа за два месеца. Ако решат да учествуваат на нив, до 7 ноември ќе мора да ги пријават своите планови до изборната комисија.