Шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис, во разговор за АП изјави дека моменталниот раскол меѓу Мадрид и Барселона никако нема да заврши со независна Каталонија, но можно е да се прошири каталонската автономија.
Јавниот обвинител на Шпанија обелодени дека неговата служба ќе подигне три обвиненија за распуштената каталонска влада предводена од Пучдемон. Делата за кои ќе се товарат сецесионистите носат затвор до 30 години.