Доналд Трамп коплетно ја смени песната за време на неговата посета на Кина во која ја пофали трговската умешност на земјата домаќин, нешто против кое со години брмчеше на Твитер.
„Не ја осудувам јас Кина. Не можете да осудувате земја затоа што умее да се здобие со предност врз друга земја за добробит на своите граѓани. Капа долу на Кина за тоа“, рече Трамп.
Само пред некој месец, ова „здобивање предност“ тој го нарекуваше силување на САД од страна на Кинезите.
Уште една разлика меѓу посетата на Трамп и онаа на Барак Обама во 2014 забележуваат американските медиуми. Тогаш Обама инсистираше со својот домаќин да одржат прес конференција на која ќе бидат поставувани и прашања, нешто на кое кинеската дипломатија и протокол не се најнавикнати. Тој го издејствува тоа, иако приликата Џинпинг главно ја искористи за да им одржи лекција на американските новинари да ги почитуваат кинеските правила и закони.
За разлика од него, Трамп се согласи средбата да мине без прес и без прашања. А некогаш се закануваше дека тој без размислување би заминал со авионот доколку Кинезите не би му поставиле скали за претседателскиот авион.