
Додека дел од тврдењата се дека за преселбата на Кируна ќе бидат потребни и над 100 години, според норвешките архитекти кои ја добија работата, целиот проект ќе биде завршен за 20 години. Или како што објаснува еден од архитектите: „Ќе биде како гасеница која со илјади нозе ползи кон исток“.
Проектот е платен од државната рударска компанија ЛКАБ, која недвижностите ќе ги купува по 25% повисока цена над пазарната. Трошокот за преселбата се очекува да надмине милијарда долари, и сето тоа ќе го покрие ЛКАБ.
Деновиве беше преселена првата од списокот важни историски згради во Кируна, која е и прва што целосно беше извадена од својата локација и во иста состојба префрлена на новата.
Во зависност од објектот, тој може да биде преселен целосно или може да биде расклопен па потоа повторно составен на нова локација.