Пред некое време објавивме дека Швеѓаните се подготвуваат за преселба на цел град откако открија дека повеќе децениското копање руда под него предизвикува физичко пропаѓање на градот во земја. Од подготовки сега се префрлија на засукување ракави и почнаа да креваат.
Градот преселник е Кируна, а селењето се прави на барање и финансирање од рударската компанија ЛКАБ која ќе плати за градот да се мрдне 3 километри кон исток.
Може ли еден град, сосе партали, да се собере и да киниса на друго место? Го нарекуваат најрадикалниот урбан релокациски проект во овој век - шведскиот град Кируна планира да се сели. Топтан, сосе 18,200 жители.