Причина за селидбата е да се спречи потенцијалното пропаѓање на градот во џиновска дупка која би можела да се отвори од работата во рудникот за железо. Ископувањето руда од страна на ЛКАБ постојано предизвикува пропаѓање или напукнување на згради, нешто што се очекува да стане многу полошо. Токму рудникот за железо е главната причина за постоење на градот, кој е основан во 1900-та кога таму е пронајдена една од најголемите резерви на железо во светот.
И покрај разбирливите протести и негодување, најголемиот дел од граѓаните се согласија нивните домови да бидат срушени и изградени од ново на 3 километри од сегашната локација. Дел од обележјата на градот како дрвената црква и саат-кулата ќе бидат размонтирани и повторно составени на новата локација.
Селидбата ќе се врши во фази, а најголемиот дел се очекува да биде готов до 2040, и ќе чини 1 милијарда долари.
Кируна е најсеверниот град во Шведска, и е оддалечен околу 120 километри од најблискиот град. Градот има 23.000 жители и 11.000 моторни санки.