Заедно со работниците кои бараат зголемување на платите, премиерот Роберт Фицо одработи осумчасовна ноќна смена на подвижна лента во фабрика северно од главниот град Братислава,
Ваквиот негов потег е одговор на негодувањата на германските инвеститори и домашните работодавачи кои минатата недела протестираа против предлогот за нов закон за плати со кој би се зголемил додатокот за ноќна работа.
Словачка е членка на ЕУ со пропорционално ниски плати за европските стандарди што е причина поради која многу западни компании го преселија своето производство во оваа земја.
Со законот кој го предложија владејачките социјалдемократи, еден час ноќен труд би се плаќал по 1,40 евра, наместо досегашните 54 евро центи. Освен тоа, подобро би се плаќал и работниот ангажман во недела, така што сатницата би се зголемила за 100%, наместо 50% како што е сега.