Целта е зголемување на засолништата во Шведска за речиси два пати, а изградбата ќе се одвива во следните 10 години, и според властите ова ќе ја подготви земјата за секакви видови напади.
Шведска веќе има околу 65.000 засолништа во кои може да бидат сместени околу 7 милиони луѓе, што е сериозно висока бројка ако се има предвид дека земјата има нешто помалку од 10 милиони жители. Ваквата статистика не е доволна за властите, кои тврдат дека е потребно да се има засолништа за комплетната популација на Шведска.
За проектот се одделени 500 милиони долари, од кои две-третини ќе се искористат за изградба на нови засолништа, додека остатокот ќе оди на адаптација на постојните.
Последниве години кај шведските власти успешно се вгнезди страв од руска интервенција, како политичка, така и воена.