Свет

Гугл предупредува дека ни најмалку не сака да плаќа за вестите од кои заработува

Откако австралиската влада реши да не прави ни педа отстапка од својата намера да ги натера Гугл и Фејсбук да им плаќаат на медиумите за вестите од кои вадат грдни пари, Гугл реши својот пребарувач да го впрегне во сопствена корист и да објаснува зошто треба да продолжи да не плаќа за производ од кој заработува.

Холандската лабораторија имала капацитет до 200 кг. кокаин дневно

Во идилична рурална северна Холандија минатата недела изненадно се огласува татнежот на холандската полициска армада тргната кон едно затворено училиште за јавање. А во училиштето една од најголемите лаборатории за кокаин на европско тло.

Суспензија заради ругање на задолжителните маски

Откако на демонстрации во Дортмунд против ковид-19 правилата за хигиена го критикува носењето маски и слични мерки кои се во тек, припадник на тамошната полиција завршува на клупа за резерви со суспензија од работа.

Корупцијата по образите се познава

Анализа на фотографии од министри од 15 пост-Советски држави открива дека колку е поголемо БМИ-то (дебелината) на политичарите толку е поголема и корупција во земјата.

Како Либан воопшто ќе закрепне?

Прво имаше огромен столб чад од пожарот на пристаништето во Бејрут. Потоа следуваше филмски апокалиптична експлозија која срамни со земја голем дел од престолнината на Либан. До сега исходот е најмалку 135 мртви, илјадници повредени и над 15 милијарди долари во штета. А и пред ова на Либан ни најмалку не му одеше добро.

Уште 8,5 месеци живот со рестрикции?

Германските компании очекуваат дека рестрикциите на јавниот живот ќе траат уште најмалку 8,5 месеци. И тоа ова е просекот, оние во бизнисот со одмор и рекреација, се уште поголеми песимисти.

Европа повеќе се грижи за стоката отколку за децата без документи

Моментално не знаеме колку деца без документи живеат во Европа. Не знаеме ни колку деца без документи се во притвор заради имиграцискиот статус на нивните родители. Меѓутоа знаеме точно колку млечни крави има во ЕУ и Британија.

Германија, НАТО профитер

Доналд Трамп ја обвини Германија дека профитира од американските бази и „заработила богатство“ од американските војници сместени во земјата.

Товарот амониум-нитрат што го срамни Бејрут со земја

Се работи за пратка од 2750 тони амониум-нитрат кој од 2013 бил сместен во хангарот 12 на пристаништето во Бејрут, и уште пред 6 години властите официјално биле предупредени за опасноста од него.

Затворањето на училиштата би предизвикало „генерациска катастрофа“

Предупредувањето доаѓа од Обединетите нации, а според Генералниот секретар на оваа организација, пандемијата предизвикала најголемо нарушување на образованието во историјата.

Градови на опасно живеење

Во лошото комбо пандемија плус протести, во американските градови сè повеќе се гине. Во 36 од 50 најголеми градови во земјата, бројот на убиства е поголем од лани, некаде и за преку 50 проценти. 

Трамп повика на одложување на претседателските избори 2020

Ноемвриските избори треба да бидат одложени бидејќи зголемениот обем на гласови преку пошта може да доведе до измама и неточни резултати, порача американскиот претседател.

(Американските) избори како порција измет

Ако на некого му кажеш - Пред тебе има порција со измет, и ти треба да изедеш само една половина, а не целото, тоа и понатаму е порција измет, го сумира поранешната ко-претседателка на кампањата на Берни Сандерс изборот што Американците го имаат во ноември.

Сите конзулати шпионираат, кинеските прават многу повеќе од тоа

Иако преќутно е прифатено дека дипломатските претставништва на која било држава ќе служат за шпионирање во корист на таа држава, сепак ваквото дипломатско џентлменство има одредени граници до каде може да оди.

Дојчланд, убер алес

Може не е глобалната доминација на која се надеваа пред 75 години, меѓутоа Германија 3-та година по ред е омилената светска сила на планетава.

САД „веројатно“ имаат по 200.000 нови заразени на ден

Дневниот број на новозаразени е далеку повисок од оној што секој ден се пријавува, објавуваат од американското министерство за здравство, а и ширењето на епидемијата моментално е во премногу напредна фаза за САД да се ослонуваат само на тестови и следење контакти.

Ќе ги запознае ли Америка своите жртви?

Замислете Америка, како што го знае лицето на Џорџ Флојд, да ги знаеше лицата на оние 200.000 цивили загинати во окупацијата на Ирак.

Узбекистан, ковид енд травел

Поранешната советска република ветува дека ќе му плати 3.000 долари на секој турист кој ќе дојде на одмор во земјата и не дај боже ќе се зарази со коронавирус додека е таму.

Годинава аџилак ќе има за само 1.000 аџии од цел свет

Драматичното намалување на посетители, од милиони на само илјада, се должи на пандемијата, а саудиските власти аџилакот годинава го закажаа за 29 јули.

Зборот „џихадисти“ ќе се смета за исламофобија

Британската полиција ја разгледува можноста да ги исфрли од употреба зборовите „исламисти“ и „џихадисти“. Правеле штета на меѓунационалните односи па се бараат верски неутрални алтернативи.

Епл, Дизни и други се пиони на Кина

Горенаведените и други големи американски компании станаа пиони на Кина, и и овозможуваат на владата во Пекинг да насобира влијание и богатство на сметка на САД и Западните демократии, обвинува првиот човек на американската правда, Вилијам Бар.

Како болест со 1% смртност ги стави цели САД под клуч?

Еден од најголемите ПиАр проблеми на ковид-19 за посериозно да биде сфатена од сите е што на прва болеста изгледа помалку опасна од болести кои редовно секоја година го пустошат човештвото, и така се додека не ги загледаш посериозно бројките околу тој 1%.

Изолација за ковид-19 е смртоносна, само ако те фатат колумбиски картели

Делови од Колумбија се под најстрогата изолација на планетава, која крајно беспоштедно ја спроведуваат тамошните нарко-картели и паравоени формации. До сега, за нивно добро, убиени се 8 лица кои ја имаат прекршено изолацијата.

На старите светов им останува

Иако бројноста на планетава сега се чини како еден од нејзините најголеми проблеми, тркалото ќе се сврти во обратна насока па на крајот на векот, скоро сите земји ќе имаат помалку население од сега а 23 држави ќе се преполоват, меѓу нив и Италија, Шпанија, Јапонија.... Изгледа тоа како фина тенденција, ако се занемари фактот дека тоа ќе биде еден свет преполн со стари луѓе.