Метата на протестот не е баш најсреќно избрана бидејќи зградата на Твитер со месеци е главно празна, откако по почетокот на пандемијата компанијата им дозволи на вработените да работат од дома.
Од полицијата на Сан Франциско објавија дека ќе имаат „доволни ресурси на располагање за да одговорат на какви било демонстрации“ а во исто време ќе можат да ги опслужат и останатите обврски низ градот. За сега полицијата нема претстава дали на протестите освен локалците ќе има дојденци и од страна.
Демонстрациите се организирани на thedonald.win, независен крајно-десничарски интернет форум создаден како наследник на „Д Доналд“ заедницата на Редит. Во повикот потенцијалните демонстранти се советуваат со себе да носат мегафони и свирчиња, камери и големи „везици“ за „граѓанско апсење на насилните агитатори“. Плус препорачано е да носат маски, очила и МАГА капчиња за затскривање на нивниот идентитет.
По упадот во Конгресот, Твитер одлучи трајно да ја избрише сметката на Трамп со над 80 милиони следбеници, притоа наведувајќи повеќе прекршоци на правилата за користење и потенцијалната закана дека во иднина твитовите на Трамп би предизвикале дополнително насилство.