„Фундаменталното право за слободно мислење е фундаментално право од елементарна важност и такво право може да биде физиономирано само преку закон и платформа дефинирана од легислативата а не преку одлука на менаџменти на социјални медиуми“, изјави портпаролот на Меркел, Штефан Сеиберт.
„Од оваа перспектива, канцеларката оценува дека е проблематично сметката на американскиот претседател да биде трајно блокирана.“
Портпаролот објасни дека лагите и разгорувањето насилство исто така се „многу проблематични“ теми но начинот на справување со нив е во рацете на државата која треба да зацрта легална регулаторна процедура.
Комплетното блокирање на нечии политички погледи со укинување на неговата сметка или профил е одење предалеку, оценува Меркел која, според нејзиниот гласноговорник, смета дека доскорешните предупредувања за спорни твитови било пасент.