„Ако нивниот Фајзер знае да произведе вакцина, зошто би сакале да ни ја дадат нам? Би било пологично своите вакцини да ги искористат за себе за да го намалат бројот на жртвите од ковид-19. Истото важи и а Велика Британија“, резонира врховниот поглавар на исламската република.
Али Камнеи не ја исклучува можноста дека западните земји можеби сакаат и намерно да заразат други народи.
„Вакцините од САД и Велика Британија се забранети. Ним не може да им се верува. Не е невозможно дека тие би сакале да заразат други нации. А со оглед на нашето искуство со француската крв која беше заразена со ХИВ, ни на француски вакцини не би верувале,“ изјави Али Камнеи.
По ваквите сигнали од властите, иранската Црвена полумесечина откажала 150.000 дози од вакцината на Фајзер-БионТек, донирани преку американски филантропи, но тврди дека таа набавка била само прелиминарна и дека сега се преговара за еден милион вакцини од Кина а на темата се разговара и со Русија и Индија.
Преку КОВАКС системот, земјата очекува 16,8 милиони вакцини Иран досега забележи 1,2 милиони случаи на ковид и 55.000 смртни случаи и најавува дека и самите работат на развој на вакцина која очекуваат да биде готова до ова лето.
Францускиот скандал со ХИВ заразената крв се обелодени во 1991 година а се работеше за глобален скандал. Во САД од таа крв се заразија 10.000 хемофиличари, во Франција умреа 300 лица а засегнати земји беа и Иран, Канада, Ирска, Ирак, Јапонија, Португалија и Велика Британија.