
Лос Анџелес има вкупно 28 крематориуми, кои според закон не смеат да работат со полн капацитет со цел да се намали загадувањето на воздухот. Меѓутоа моментално градот во замрзнувачи има вкупно 2.700 тела на жители починати од ковид-19 кои чекаат на креирање.
Во соочувањето на овие два проблема, натежна вториот, заради што градот ќе направи исклучок па крематориумите ќе може нешто повеќе да го загадуваат воздухот се додека бројот на лешеви од ковид-19 не се доведе до нула или кој и да е прифатливиот број.
Алармирањето е затоа што и онака преполните капацитети ќе треба да се справат со дополнителниот бран на нови починати кои се очекуваат како последица на собирањето за новогодишните празници.
До понеделникот само Лос Анџелес имаше вкупно 13.936 умрени од ковид-19, а САД ја минаа бројката од 400.000 починати од вирусот.