Откако го прашуваат дали некој од завитканите сендвичи содржи месо, на што добиваат потврден одговор, цариниците бараат од возачот да им ја предаде недозволената стока. Тие му објаснуваат на камионџијата дека на сила се нови правила за увоз откако Британија го формализираше своето одделување од Унијата. Според правилата што важат на секоја ЕУ граница, во Унијата забрането е внесување какви било месни и млечни производи од надвор.
„По започнувањето на Брегзит, тебе повеќе не тие дозволено да носиш одредена храна во Европа, пример, месо, овошје, зеленчук, риба и такви работи,“ му објаснува холандскиот цариник на камионџијата.
Затекнат од ситуацијата, возачот прашува дали ќе може да го задржи барем лебот, на што одговорот е: „Не, сè ќе биде конфискувано - добредојдовте во брегзит господине. Жал ми е.“
Од 23:00 на 31 декември 2020 Британија и официјално излезе од Унијата и престана да ги следи правилата на ЕУ, а на сила стапија нови правила за патување, трговија, имиграција и безбедносна соработка.