Бајден ќе дава заклетва пред празна ливада

Нешнл мол, паркот во Вашингтон ДЦ, кој стандардно е преполн со толпи народ на Денот на инаугурацијата на американскиот претседател, овој пат ќе биде празен и затворен за јавноста, откако се дозна дека добар дел од луѓето што упаднаа во Капитол планираат да се појават и пред Бајден.

Во паркот нема да има ни бимови, ни подиуми, ни тоалети за публиката, и нема да може воопшто да се припари за да се гледа инаугурацијата на новиот американски претседател.

Советниците на Бајден инаугурацијата ја опишуваат како „виртуелен настан“ и немаат против зголемените безбедносни ограничувања што се наметнати околу паркот и Белата куќа.

Договорот меѓу локалните власти на ДЦ, министерството за внатрешни и Националниот сервис за Паркови е локацијата да биде затворена за јавност најкасно на 20 јануари.

Инаугурацијата на Бајден ќе биде обезбедувана од 20.000 припадници на Националната гарда, делот од американската армија задолжен за помагање во одржување на внатрешниот ред во државата.

Претходно федералните власти пуштија итен повик за помош во обезбедување на главниот град на САД, предупредувајќи дека „домашните екстремисти е поверојатно да извршат напади на инаугурацијата на Бајден и низ 2021 по успехот на минатонеделната опсада на Капитол“.

15 јануари 2021 - 10:32