Анџели нема јадено од петокот затоа што стражарите, и општо институцијата во која е притворен одбивала да му служи „органска храна“. Веста за ова на медиумите им ја пренесе мајката на Анџели, на која тој и се пожалил за некоректниот третман.
Државниот бранител што му беше доделен на Анџели изјави дека тој е на „екстремно рестриктивна исхрана, веројатно заради религиозни причини“.
Обвинението против Анџели е за свесно влегување или задржување во објект во кој тоа е забрането без никаква законска власт и насилно упаѓање и недозволено однесување на Капитол.
Ликот, до пред некој ден беше само 33-годишен Куанон заговорник и чест посетител на митинзите на Трамп. Во интервју по упадот тој изјави дека не е загрижен за федералните обвиненија против него, објаснувајќи „не сум нешто посебно уплашен околу ова затоа што, ако сме искрени... јас не прекршив ниту еден закон. Влегов низ отворени врати.“