Во првите контакти меѓу полицијата и симпатизерите на Трамп, обезбедувањето почнува да користи солзавец за одвраќање на толпата. Како што надворешното обезбедување е навјасано на повеќе точки од бариерата, така на неколку места демонстрантите успеваат да го пробијат кордонот.
На источната страна, толпата ги пробива барикадите и стигнува до главниот влез на Капитол, од каде влегува во Големата Ротонда. Кога се веќе внатре, тие тргнуваат кон салите на Сенатот и Претставничкиот дом.
Една од сцените е снимена од новинарот на Хафингтон пост, Игор Бобиќ, кој е зад осамениот полицаец што полека се повлекува пред толпата.
Сето ова го прекинува потврдувањето на победата на Бајден во Сенатот, а американските сенатори почнуваат да ја напуштаат салата. Во меѓувреме, обезбедувањето ја блокира врата на Претставничкиот дом, и со извадени пиштоли го чува влезот.
Во рок од еден час демонстрантите ги разбиваат полициските линии и на западната страна на Капитол, по што кршат прозорци и врати и влегуваат во објектот. Повеќе видеа покажуваат како демонстрантите се насекаде низ зградата и извикуваат „САД“ и „Сопрете го грабежот“.
Веќе во 15 часот се слушаат први истрели во зградата. Обезбедувањето застрелува една жена од демонстрантите, која се обидува да ја пробие барикадата пред Лобито на Спикерите. Жената подоцна починува.
Во исто време, на другата страна од зградата демонстрантите упаѓаат во салата на Сенатот и заседнуваат, а упаднато е и во канцеларијата на Спикерот Ненси Пелоси.
По некое време се јавува и Трамп и ги повикува луѓето да го напуштат Капитол: „Одете си дома. Ве сакаме, вие сте посебни“.
Конгресот е целосно испразнет веќе во 17:40, а во 18 часот градоначалничката на Вашингтон, прогласува полициски час. Распоредени се неколку илјади припадници на Националната гарда, ФБИ агенти и Тајната служба.
По шест часови од упадот во зградата, сенаторите се враќаат и продолжуваат со потврдување на резултатите од претседателските избори. Во 3:41 во четвртокот Конгресот потврдува дека Џо Бајден на 20 јануари ќе го наследи претседателот Трамп.