„Заради неодамнешните настани и чисто заради претпазливост, препораката е сите да избегнуваат носење на облека или опрема брендирана од Фејсбук,“ се наведува во меморандумот испратен во понеделникот.
Меморандумот е достапен за сите над 56.000 вработени на компанијата.
Под настани се подразбира 2-неделното банирање на Трамп и бришење на сите постови поврзани со „Stop the steal“ кампањата објавени на Фејсбук.
Трамп официјално е блокиран затоа што при обидот за смирување на немирите, не ги осуди луѓето кои упаднаа во законодавниот дом на САД, туку само им рече да се повлечат и дека „се посебни“, плус Закерберг протолкувал дека „преголем е ризикот да му се дозволи на Трамп да продолжи да го користи сервисот во овој период.“