Дистрибуцијата на ковид вакцини низ светот е „катастрофален морален крах“

Пораката е од генералниот на СЗО, највисоката позиција во најважната глобална здравствена институција, и според него шансите за рамноправна дистрибуција на вакцините за ковид-19 се во „сериозен ризик“.

Тедрос Аданом Гебрејесус порача дека светот е на раб од „катастрофален морален крах“ околу дистрибуцијата на вакцини, препорачувајќи државите и производителите да направат многу повеќе за пофер споделување на вакцината низ светот.

Тој предупредува дека минатата година се потпишани 44 билатерални договори а годинава најмалку уште 12 такви државите и производителот директно меѓу себе го регулираат снабдувањето со вакцините, притоа игнорирајќи ги глобалните потреби. Опасноста е дека ова би довело до „правење залихи, создавање хаотичен пазар, некоординиран одговор и понатамошни општествени и економски проблеми.“

Во еден од примерите што ги наведува, 39 милиони дози од вакцината веќе се дадени во 49 богати држави, додека една богата држава има добиено само 25 дози.

На почетокот од јануари тој ги повика производителите и богатите држави да престанат да прават билатерални договори бидејќи на тој начин „им наштетуваат на напорите на ОН за широка достапност на вакцината“.

Извештај на ПВА од декември (People’s Vaccine Alliance) открива дека богатите држави (без именување кои) имаат залиха на вакцини за по три пати да ја вакцинираат целата своја популација, додека 67 сиромашни држави имаат доволно вакцини за да го вакцинираат секој 10-ти човек.

18 јануари 2021 - 14:45