Свет

Вашингтон изгуби стотици милиони долари на нигериски измамници

Сојузната држава Вашингтон само што се свести дека во целиот хаос на пријавување невработени заради коронавирусот била жртва на софистицирана измама организирана од мрежа од Нигерија, во која од нејзе се извлечени стотици милиони долари како социјална помош.

Њујорк ќе се дезинфицира со УВ зраци

Јавниот превоз низ градот, како и јавни простори ќе бидат чистени со уреди со ултравиолетови зраци за кои до сега лабораториски е докажано дека го уништуваат коронавирусот.

Кризите не се време за политичко единство

Британскиот министер за здравство со нетрпение чекаше да може да каже дека медиумите претерале, изјавувајќи „искрено, прашањата што ни ги поставуваат новинарите во моментов иритираат голем дел од јавноста.“ Прашањето на новинарката на Атлантик е „Зошто тие што се на власт така се расфрлаат во својата моќ?“ Одговорот од нејзе е „Затоа што можат“.

Трамп не престанува да се наттрампува себеси

Во последниот пиар потег подеднакво насочен кон оние што не го поднесуваат и кон оние што се крстат во него, Трамп реши да ја прекине 40-годишната традиција и да не го открие претседателскиот портрет на Обама.

Ахиловата петица на Шведска - домовите за стари луѓе

„И покрај нашите најдобри намери, не успеавме да ги заштитиме нашите постари сограѓани кои се најранливата групација во оваа пандемија,“ призна шведскиот премиер Стефан Лофвен, најавувајќи креирање на 10.000 нови позиции за медицински естри и негуватели во домовите за стари лица.

Над 100 милиони Кинези повторно пред изолација

Цел регион во североисточна Кина е повторно под клуч по појавата на нов и растечки кластер на инфекции, кој инстантно ги поништи тамошните планови за отворање и враќање кон нормала.

Германци што и да правите, на одмор да одите

И тоа по можност на море и тоа на топло море, како во Грција, Шпанија, Португалија, Италија и Хрватска, а не да акаат по планините низ Германија или слични не-медитерански предели.

Како Германија го изведе следењето контакти на заразени со ковид-19

Иако тука лежи некој виц дека од 1939 вежбаат откривање и следење контакти, од сериозна страна Германците со обемна и детална работа на терен во откривање на неодамнешни контакти на заразените успеаа повеќекратно да го сосечат ширењето на болеста.

Лидери сред ковид-19

Не требаше да дојде коронавирус за Трамп да им е неподнослив на Американци, ниту пак за тој да се однесува поинаку од сите други светски лидери, само сега разликата е што многу повеќе животи се во прашање.

Кинеската армија на строги дипломати

До пред само неколку месеци главно обележје на делувањето на кинеската дипломатија беше дискретност и енигамтичност, која требаше внимателно да се следи за да не се превиди некој суптилен знак. Сега Кинезите почнаа да лупаат по маса.

Масовна тепачка меѓу индиската и кинеската армија

На оддалечен планински граничен премин меѓу Индија и Кина 150 војници од двете страни започнале тепачка со боксови и камења. За сега исходот е бројни но помали повреди.

Клади се на Трамп

Бајден моментално има значителна предност на најголемиот дел од анкетите, а Трамп и понатаму е под опсада заради задоцнетиот и неадекватен одговор (за најбогатата земја на светот) на коронавирусот, и во ваква ситуација, на денешен ден, инвеститорите и кладилниците, предност му даваат на Трамп како победник на претседателските избори во САД.

Барселона „ослободена“ и празна

По 6 седмици затворени во изолација, граѓаните на Барселона викендов за прв пат можеа да излезат од дома, и по првите моменти на воодушевување на сè што им фалело овие месец и пол, тие сфаќаат дека нешто не е како што треба за по некое време да им текне „само ние сме во градов, нема туристи“. А во 2019 на пример, низ Барселона минаа 30 милиони туристи.

ЕУ немаат проблем Кина да им цензурира колумни

ЕУ амбасадорите сакаат на сите да им порачаат дека нема ништо страшно во тоа што дозволиле кинеските државни медиуми да избришат дел од нивна колумна, веројатно затоа што Кина не сака цел свет да ја збори како извор на коронавирусот, а ЕУ моментално има некоја слабост во колена па не би да и го крши меракот на Кина.

Обидот за киднапирање на Мадуро бил парада на неспособност

Во обраќање пред нацијата Мадуро објави дека се уапсени двајца Американци, по име Лук Денман и Аиран Бери, кои работеле за американската компанија за безбедност Силверкорп. Мадуро ова го знае затоа што двајцата со себе ги носеле сите документи.

Како медиумите ги - и не ги - покрија обвинувањата против Бајден за сексуално малтретирање

Поранешната вработена во американскиот сенат Тара Рид (не таа Тара Рид), уште пролетта 2019 истапи како една од неколкуте жени што го обвини Бајден за недолично допирање, меѓутоа дури на 25 март годинава таа го дополни обвинувањето со тоа дека тој сексуално ја нападнал кога работела во неговиот кабинет.

Иднината е сахарски горештини насекаде

Ова нема врска со коронавирусот, има врска со збирот на сите гревови што колективно ги имаме кон планетава во децениите претходно.

Двајца Американци уапсени за обид за заробување на Мадуро

Најмалку 10 лица од кои двајца се Американци се уапсени по обидот за заробување на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и правење преврат во земјата во корист на Хуан Гуаидо.

Дисидентите што објавија дека Ким Џонг Ун е умрен, се извинија што не е

Тае Јонг Хо и Џи Сеонг Хо се двајцата севернокорејци во Сеул од кои почна целиот муабет дека Џонг Ун е мртов или кај и да е дека ќе умира. Ким во саботата се појави во јавност, стандардно окезен, па сега на нив дојде ред да ги објаснуваат своите изјави.

Трето руско медицинско лице падна од прозор од болница

Болничар кој се пожалил дека е присилен да работи и покрај тоа што е заразен со коронавирус, е во критична состојба откако викендов паднал од прозорец од болница во западна Русија.

Кофа измет од кокошки вреди повеќе од 1.000 предупредувања?

Шведскиот град Лунд планира да го прекрие локалниот парк со измет од кокошки за да ги пишмани своите жители да се собираат во него.

Во „ноќта на Молотов“ во Либан запалени десетина банки

Дури и пред проблемите со коронавирусот, во Либан вриеше заради проблеми со пари. Ноќеска прекипе и демонстрантите запалија десетина банки откако вредноста на националната валута дополнително девалвираше.

Короната веќе уби повеќе Американци од војната во Виетнам

Иако војната во Виетнам траше пар децении (1955-1975) а здравствената војна трае два и нешто месеца, и вкупниот број жртви и стапката на смртност превагнуваат кај пандемијата. А за да биде точно „карма из а бич“ се погрижи Виетнам: таму од коронавирус досега нема умрено ниту еден човек.

Олимпијадата во Токио може да биде трајно откажана

За сега Токио 2020 е префрлена во 2021, меѓутоа може да се случи комплетно да биде прескокната и избришана доколку ова со коронавирусот не се смири до крајот на годината.